21-годишна студентка вели дека нејзините родители ја поддржуваат што ги продава своите голи фотографии и заработува илјадници евра

Студентка дала отказ на работа откако заработила 17.000 евра со продавање на голи фотографии од себе на интернет.

21-годишната Лени Холмс од Лидс се регистрирала на веб-страницата за споделување фотографии Onlyfans пред само две недели, со 1.500 претплатници кои ѝ плаќаат 12 евра месечно за да споделува разголени слики преку страницата.

Студентката по новинарство тврди дека нејзините родители ја поддржуваат нејзината одлука и веќе ја напуштила својата работа од 30 часа неделно како асистент за малопродажба во Викторија Сикрет.

Таа сега планира да се пресели од студентскиот дом во нов еднособен стан во Лидс, да ги исплати долговите и планира еднаш во животот да отпатува во САД.

Девојката вели дека има многу „тролови“ па дури и смрттни закани и навреди насочени кон нејзината моментална „професија“, но според неа: „Тие се исти луѓе што гледаат порно секој викенд – едноставно не го сакаат она што го правам затоа што треба да платат“.

На страната, претплатниците плаќаат месечна претплата за пристап до фотографии од Лени, но исто така можат да платат од 20 до 100 фунти дополнително за да добијат приватни фотографии и видеа. Лени вели дека за две недели заработила двојно отколку што заработува годишно како продавачка, но сепак планира да стане новинарка по универзитетот.

Цените на фотографиите се разликуваат во зависност од тоа колку е интимна фотографијата. Лени нема момче но вели дека доколку запознае некој очекува да не му пречи нејзината работа.