21-годишна девојка открива како ги мами мажите да ѝ купуваат пијалоци користејќи „таен“ метод за кој таа тврди дека делува 99% од времето
21-годишната Кендал Кипер стана вирална во текот на викендот, не за некое научно откритие или дека дипломирала на некој престижен универзитет, туку затоа што го сподели нејзиниот трик за добивање бесплатни пијалоци. Затоа што тоа е важно во животот.
„Ова е мојата најдобро чувана тајна за тоа како да добијам бесплатен пијалок во барот 99 отсто од времето“, рече таа. „Само еднаш ова не ми функционираше – и го правам овој начин почесто отколку што сакам да признаам“.
„Паметната“ девојка рече дека прво треба да таргетирате маж. Треба да барате момче кое изгледа како да има супер големо его. Колку е поголемо егото, толку подобро и полесно ќе биде ова“.
Откако го пронајдовте момчето, таа рече дека следниот чекор е да му пријдете и да го прашате што ќе нарача од барот.
„Значи, да речеме дека тој вели: „Ох, ќе нарачам текила“, продолжи таа. „Можете да бидете како: „Ох, сакам текила“ или може да бидеш како: „Ох, сакав да нарачам водка. Би сакала да ти купам пијалок. Може ли да ти купам пијалок?“
„Како што реков, егото е голем фактор во ова“, додаде таа. „Деведесет и девет проценти од времето ќе ве погледнат и ќе бидат како: „Што? Не. Што? Дозволи ми јас да ти купам пијалок“.
Кипер призна дека таа одбива да се чувствува виновна што го прави тоа.
„Да не заборавиме како мажите сакаат да се однесуваат со нас. 99% од случаите со нас се однесуваат како идиоти, па оди земи си бесплатен пијалок и продолжи понатаму“.

Коментирај анонимно