22-годишна девојка прави банџи скок од 110 метри и ѝ се кине јажето! „Баш претходниот ден се шегував за мојата смрт“ – вели таа во неверување дека преживеала
Зависниците од адреналин кои направиле нешто толку смело како банџи скок или скок со падобран сакаат да го покажат тоа, и со право – тоа е храбра работа да се направи и да се преживее.
Мнозинството луѓе ќе бидат задоволни со нивниот релаксирачки начин на живот кој се состои од лежење на софата за време на викендот, скролање низ социјалните мрежи.
Но, не и Ерин Лангворти – во 2012 година, таа била на патување во Замбија кога решила да направи банџи скок од мост висок 110 метри над реката Замбези кај водопадите Викторија, на границата со Зимбабве.
Сепак тоа за малку ќе било нешто последното што таа го направила во животот.
Скролајте надолу за видео

Таа зборуваше за нејзиното ужасно искуство, откривајќи дека дури и се пошегувала дека умрела само еден ден пред скокот.
Таа рече: „Јас ѝ испратив разгледница претходниот ден на мајка ми, во која пишуваше: „Утре ќе правам банџи скок, па да се поздравам… само се шегувам!“ која сега ја чува на фрижидерот. Таа е категорична. Никогаш нема да направам нешто слично вакво, но јас не сум толку сигурна“.
Ерин го објасни ужасниот момент: „Се чувствував нервозна, но никогаш не помислив дека нешто може да тргне наопаку. Бев 105-та личност што скокна тој ден. Стоев на платформата, ги погледнав моите глуждови, кои беа врзани заедно и гласно кажав дека ми е страв да не ми се лизнат стапалата од јажето. Некој од позади рече дека тоа е последното нешто што може да се случи и да не се грижам“.
„Пред да скокнам си помислив: „Што правам фрлајќи се од совршено добар мост? Но, јас бев фатена во моментот, и едноставно ги раширив рацете и паднав нанапред. Сè помина во сино-зелена замагленост. Брзината беше неверојатна. По неколку секунди почувствував потрес на градите. Се чинеше како да забавив за секунда, а потоа забрзав. Потоа почувствував дека удрив во водата – тогаш сфатив дека нешто тргна наопаку“.
Се испостави дека јажето се скинало на самиот врв, а снимката е споделена на интернет на која се гледа моментот кога таа скокна од мостот и банџито се кине.
Ерин падна на околу 40 метри, удирајќи во водата подолу. И додека водата го омекна падот сепак не беше лесно.
Таа се присети: „Звукот на меурчиња беше толку гласен. Се чувствував како да ме удираа шлаканици. Рацете ме спречија да удрам со главата во водата. Белите дробови ми гореа и се борев да дишам. Тоа утро видов крокодили во вода, но не можев да размислувам за тоа. Јажето за банџи се откина блиску до врвот, но јас се уште имав 30 метри врзано за мене, што постојано се фаќаше на нешто“
Ерин била повлечена надолу и во еден момент останала заробена под површината. На крајот, сепак, некој од банџи компанијата успеал да дојде до неа и ја фатил за ременот.
Таа рече: „Почнав да кашлам крв и почнав да се грижам за внатрешните повреди. Се чувствував исцрпено и се борев да го обработам она што се случи. Скокав во 17.30 часот и не стигнав до болницата во Викторија Фолс дури во 23 часот. Ме ставијана кислородна поддршка и ми требаше ултразвук и да видам специјалист за белите дробови. Ми дадоа голема доза на антибиотици – лекарите беа загрижени за тоа колку нечиста вода внесов. Рендгенските снимки не покажаа скршени коски, но моите бели дробови делумно опаднаа. Момците од компанијата за банџи ме посетија во болница. Тие многу се извинија и беа изненадени што преживеав“.
По несреќата, Ерин ѝ се јавила на мајка си.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно