23 годишен човек провалува во куќа но не за да краде, туку ја гледал газдарицата како спие

Погледнете го морничавото видео од безбедносните камери во куќата и заклучувајте врати!

Безбедносните камери го снимиле моментот кога Ден Абимана (23) провалил во куќа во Ајова, САД и едноставно стоел таму неколку минути гледајќи ја сопственичката на куќата како спие на софата во дневната соба.

Мажот е снимен како пие, користи тоалет и крева и облекува неколку чевли покрај жената. Натрапникот носел и пар чорапи и случајно ја разбудил жената пред да побегне. Треба да се напомене дека ништо не украл.

Локалниот полицаец Кори Шнеден рече дека консумирањето алкохол можеби влијаело на однесувањето на Ден Абимана, но се чини дека немал лоши намери кон сопственичката на домот.

Жената пријавила дека се исплашила кога ги видела снимките и дека не го забележала присуството на натрапникот во нејзината куќа бидејќи заспала со вклучен телевизор и најверојатно заборавила да ја заклучи вратата.

Иако властите не пронајдоа докази за криминал, сопственичката на куќата сака Ден Абимана официјално да биде обвинет за недозволено влегување или напад. Жената откри дека после инцидентот има проблеми со спиењето.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *