23 годишната криминалка од Колумбија, позната како „Куклата“ е конечно уапсена од полицијата, под обвинение за неколку свирепи убиства
Карен Жулиет Охеда Родригез, 23-годишна жена од Колумбија, е уапсена под сомнение за серија таргетирани убиства поврзани со банди во земјата. Инцидентите се случиле во општината Баранкабермеха. На 1 декември, полицијата од регионот Магдалена Медио сподели видео на социјалните мрежи со Родригез и маж познат како „Леополдо“, двајцата осомничени.
Полицијата верува дека Родригез е озлогласенат платен убиец што работи под псевдонимот „Ла Муњека“ или „Куклата“. Според извештаите, Родригез самата го користела овој прекар. На снимките, таа е прикажана со лисици на рацете, додека полицајците ја водат од автомобил до зграда.
Кај Родригез е пронајден пиштол, за кој се вршат тестирања за да се утврди дали е поврзан со убиствата. Не е објавено за кои точно обвиненија ќе одговара, но нејзиното апсење е поврзано со убиство на нејзиниот поранешен партнер во јули.
Полицијата тврди дека Родригез го намамила својот поранешен партнер, Дејви Хесус, на местото на злосторството со цел да решат финансиски спор. Меѓутоа, тој бил застрелан од двајца мажи на моторцикл. Иако бил пренесен во болница, починал од повредите.
Заедно со Родригез и Леополдо, уапсена е и 24-годишна жена по име Паула Валентина Јоја Руеда, позната како „Горда Сикариа“ или „Дебелиот платен убиец“.
Потполковник Херера изјави: „Со апсењето на „Куклата“ и „Леополдо“, регионот добива делумен мир. Овие апсења претставуваат значаен напредок во разнебитувањето на криминалните групи одговорни за неодамнешните убиства“.
Истражните органи продолжуваат со работа за расветлување на случајот.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно