25-годишен дечко завршил 6 дена во затвор затоа мислеле дека е 51-годишен маж, со прилично различен изглед
Шејн Ли Браун бил уапсен за време на рутинска сообраќајна контрола кога полицајците од Лас Вегас биле убедени дека за него има федерален налог кој одговара не неговото име и презиме.
Сепак, записите покажуваат дека налогот всушност бил за човек по име Шејн Нил Браун, кој е двојно постар од Ли и со прилично различен изглед.
Кога велиме различен изглед, мислиме на целосно различен. Помладиот Браун е црнец со виткана коса, без брада, постариот Браун е опишан како белец со кафена коса, сини очи и брада.
И покрај очигледната грешка Ли Браун бил задржан во затвор во Хендерсон, Невада, шест дена без обвинение, пред на крајот да биде ослободен откако неговиот адвокат побарал од судијата да ги спореди фотографиите на Ли Браун и Нил Браун.
Помладиот Браун сега ја тужи полицијата во Лас Вегас и Хендерсон за отштета од 500.000 долари, тврдејќи дека полицајците не извршиле „должна анализа“ за да се уверат дека го уапсиле вистинскиот осомничен.
„За време на неговиот незаконски притвор, Шејн Ли Браун постојано им објаснуваше на многу непознати полицајци и надзорници на Хендерсон дека тој не е 51-годишниот бел „Шејн Браун“ кој е предмет на налог за кривично дело“, се вели во тужбата.
„Доколку некој од полицајците на LVMPD или службениците извршиле должно внимание, како на пример споредување на фотографијата од Шејн Ли Браун со постоечката снимка од досието тие лесно би утврдиле дека Шејн Ли Браун е погрешно идентификуван како предмет на налогот.“
Подоцна беше откриено дека вистинскиот Шејн Нил Браун бил уапсен во округот Сан Бернардино, Калифорнија, иако не е јасно дали тој веќе бил во притвор во времето на апсењето на помладиот Браун.