250 денари за кафе и 500 денари за пиво: Најсреќната земја во светот во 2022 година

Иако секојдневниот живот во последните две години е исполнет со несигурност и грижи за пандемијата, а светот е загрижен и за војната во Украина, Обединетите нации и оваа година го направија својот познат Извештај за среќата.

Покрај тоа, истражувачите заклучија дека животните околности во последните две години иако некоординирани, но глобално влијаеле на дарежливоста на светското население, волонтирањето и давањето во добротворни цели.

„Луѓето имаат поголема веројатност да помогнат дури 25 отсто повеќе“, се вели во извештајот.

Македонија се наоѓа на 89-тото место од вкупно 146 земји анализирани. Не дека сме изненадени.

Десетта година по ред, Светскиот извештај за среќа обединува листа на најсреќни земји во светот, во која учесниците сами го одредуваат степенот на нивната среќа. Анализирани се просечните примања во дадена земја, чувството на слобода, довербата во системот, животниот век, социјалната поддршка и дарежливоста.

Во 146-те земји, Финска по петти пат по ред е прогласена за најсреќна земја во светот. Иако ова е земја во која животот е многу скап – на пример, за кафе со млеко во Хелсинки во просек треба да платите околу 250 денари, а за половина литар пиво 500 денари, сепак просечниот приход е многу поголем од нашиот секако.

Дополнително, тука има голема слобода да се носат важни животни одлуки, има низок процент на корупција, но голема доверба во општеството и системот.

Земјите од регионот, како Данска е на второ место, Исланд на трето, Шведска на седмо и Норвешка на осмо место, кои делат слични карактеристики, исто така имаат одлична позиција во Светскиот извештај за среќа.

10 најсреќни земји од Светскиот извештај за среќа на Обединетите нации за 2022 година

  1. Финска
  2. Данска
  3. Исланд
  4. Швајцарија
  5. Холандија
  6. Луксембург
  7. Шведска
  8. Норвешка
  9. Израел
  10. Нов Зеланд