26-годишна сопруга се обидела да искешира чек од 1 милион американски долари од банкарската сметка на нејзиниот 77-годишен сопруг и сега ќе ги сноси последиците
Велат дека мажите сакаат помлади жени, но кога имаш 77 години, а твојата избраничка 26 години, тогаш треба да бидеш свесен дека таа не е со тебе за стомачните.
Лин Елена Халфон од Израел се омажила за милионерот Ричард Рапапорт, кој може да ѝ биде дедо. Сепак 26-годишната девојка си имала своја замисла за „совршен брак“ со 77-годишникот.
Таа четири месеци по венчавката влегла во филијалата на Амскот и се обидел да искешира чек од 1 милион американски долари, тврдејќи дека тоа ќе ѝ овозможи да купи јахта за неа и нејзиниот сопруг. Кога вработените во банката ја одбиле, таа заминала, но се вратила подоцна во текот на денот со уште три чекови, секој на износ од 333.333 долари.
Вработените повторно ја одбиле и повикале полиција. Истрагата која била спроведена против Лин покажала дека таа го лажела Ричард дека праќала чекови до нејзината сестра во Израел, но всушност чековите биле кеширани од некој маж во неколку банки. Сепак нејзиниот сопруг не сака Лин да биде депортирана во Израел.
Таа се соочува со обвиненија за перење пари, организирана измама и експлоатација на постара личност. За време на нејзиното прво појавување на судот, судијата одреди кауција од 1 милион американски долари. Иронично нели?