27-годишен Британец добил скап спортски автомобил на лотарија и го изгубил побрзо отколку што го добил

Адам Грифитс имал голема среќа и на лотарија го добил ова специјално издание на Mitsubishi Lancer Evo IX FQ-320.

За жал, (не)среќникот не уживаше долго време, бидејќи неколку часа откако го зеде, го паркираше покрај еден ѕид. Чудовиштето има 320 коњски сили и морате да знаете како да се справите со тоа пред да нагазите на гаста.