28 луѓе починаа, а 60 други се разболеа откако пиеле алкохол заситен со метанол во Индија. Ова се должи на забраната за консумирање алкохол!
Веќе како и секоја година наназад така и оваа поради тоа што е забрането конумирањето на алкохол во голем дел во Индија, луѓето сепак се снаоѓаат и ги губат животите по таа цена. Смртта се случила во областите Ахмедабад и Ботад во државата Гуџарат, каде што е забрането производството, продажбата и консумирањето алкохол.
„Имаше 98% метанол во алкохолот што го консумираа, што значи дека консумирале само метанол и тоа го зголеми бројот на загинати“, изјави генералниот полициски инспектор Бавнагар Ашок Јадав.
Одделот за криминал во градот Ахмедабад го уапси сопственикот на хемикалии Џејеш Кавадија од Нарол и неговите осум соучесници поради сомневање за нелегално производство и продажба на алкохол.
Најмалку 28 луѓе го загубија животот, додека 60 се во лоша состојба и се на лекување во болницата. Сепак бројот на загинати се очекува дополнително да се зголеми бидејќи уште пациенти пристигнуваат во болницата.
Провинцијата Гуџарат го забранува консумирањето алкохол од 1960 година како почит на Махатма Ганди, убиен во 1948 година, но стотици жители умреле низ децениите како што се појавила илегалната трговија со алкохол. Незаконскиот алкохол, исто така, стана исклучително профитабилна индустрија низ Индија, каде што продавачите не плаќаат даноци и продаваат огромни количини од нивниот производ на сиромашните по евтина цена. Локалната полиција редовно замижува пред трговијата со пијалоци, бидејќи шверцерите плаќаат мито за да ја вршат својата недозволена продажба во селата, објавија локалните индиски медиуми.
Во 2019 година, најмалку 133 луѓе загинаа откако пиеле загаден алкохол во два одделни инциденти во североисточната индиска држава Асам. Жртвите биле претежно работници на плантажите за чај. Истата година, уште 80 луѓе починаа од загаден алкохол во северната држава Утар Прадеш. Во 2020 година, уште 120 луѓе починаа откако испиле засилен алкохол во северната индиска држава Пенџаб.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно