29 годишна слепа жена стана горда мајка на 4 деца и покрај бездушните совети кои ги добивала од докторите

Ебони Уамаки била ужасно малтретирана како дете поради нејзиното слепило – но помислила дека го оставила тоа зад себе кога влегла во позрелите години.

Но, тоа не било ништо во споредба со она што првпат и го кажале лекарите кога останла бремена.

Наместо да и честита, нејзиниот лекар всушност ја довел во прашање нејзината способност да биде родител.

За Ебони, овој став најдобро го сумира најголемиот предизвик со кој се соочила во справувањето со нејзината попреченост; туѓите мислења и перцепции.

Таа ги надминала сите и стана инспиративна мајка на четири деца, од кои сите се помлади од четири години.

На сега 29-годишната девојка од Бризбејн, на две години и бил дијагностициран ретинитис пигментоза (РП) со само пет отсто вид.

Денес има само еден процент од видот на левото око, сосема е слепа на десното око и може да гледа само сенки и да одреди дали е ден или ноќ.

Но, ова не ја спречило да стане среќна мајка на Ароранги (4), Таваке (3) и едногодишните близнаци Манаја и Која.

Таа ги знаела предизвиците со кои ќе се соочува ако сака да стане мајка. Таа, на пример, не може да вози.

„Постоеше многу сомнеж околу тоа дали може да се породам, бидејќи не гледам и дали ќе ми треба многу помош околу мајчинството“, рече таа.
Ебони го запознала својот партнер Адам во средината на 2016 година и до крајот на годината останала бремена.

Во јануари 2017 година, во петтата недела од бременоста, парот го посетил општ лекар за стандарден преглед, а тие биле многу возбудени што ќе станат родители – но наместо тоа се соочиле со тешки разговори од нејзиниот лекар.

„Таа препорача абортус во неколку наврати за време на консултациите – што беше прилично шокантно за мене во тоа време – поради фактот што можев да ја пренесам состојбата на моите деца“, се сеќава Ебони.

Нејзината способност за родителство била доведена во прашање и од стручниот доктор подоцна.

Само две недели подоцна, Ебони доживеала спонтан абортус. Одлуката за промена на лекарите била лесна.

Со желба да биде родител, таа забременила во април со своето прво дете Ароранги, кое сега има четири години.

„Отсекогаш сум сакала да имам деца и да имам големо семејство бидејќи отсекогаш сум била родена за да бидам мајка“, рече таа. Ебони не може да ја напушти куќата со децата освен ако нема некој друг со неа, има помош од куче водич, но вели дека само затоа што е слепа не значи дека не може да биде родител“.

За семејството, комуникацијата е клучна и Ебони е отворена со своите деца за нејзината состојба.

Таа, исто така, морала да се помири со фактот дека никогаш нема да може да види како изгледаат нејзините деца или да ги погледне цртежите што ги прават.

И покрај тоа што имала слаб вид како дете, таа сепак можела да научи како да пишува, чита и да прави секојдневни задачи.

„Веќе тагував поради загубата на видот пред да имам деца и соодветно го адаптирав мојот живот“, вели таа.
Состојбата и била пренесена од биолошкиот татко на Ебони, кој бил дијагностициран приближно во исто време како неа.

Таа вели дека состојбата не е честа кај малите деца, туку кај тинејџерите и кај оние на возраст меѓу 30 и 40 години.

Како тинејџерка, Ебони сакала да ја задржи својата попреченост во тајност и им кажала само на неколку луѓе.

„Често ја криев својата попреченост и се преправав дека гледам затоа што се плашев да не бидам засрамувана и отфрлена како што бев во детството“, вели таа.

Нејзиното прво огромно намалување на видот се случило кога имала 16 години и изгубила толку многу вид што нејзините очи повеќе не можеле да се фокусираат, поради што се треселе.

Со текот на времето, бидејќи нејзиниот вид се влошувал, таа морала да го прилагоди својот животен стил, кој често беше фрустрирачки и тажен.

На 14-годишна возраст, таа исто така била избрана да учествува во тренинг тимот за Параолимпијадата, но одбила, затоа што не сакала сите да знаат дека има попреченост.

„Порано го мразев зборот „инвалидност“, но сега се помирив со него бидејќи не можам ништо да сменам“, вели таа.
Ебони рече дека нејзините деца покажуваат сочувство кон неа и разбираат дека таа не може да ги види.

„Никогаш не се сомневав во мојата способност да бидам мајка или да правам секојдневни работи“, вели таа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *