3 брзи трикови за да препознаете зрела и слатка лубеница без да ја сечете

Сочната лубеница лесно се препознава по бојата на „месото“, но кога оваа летна храна е во едно парче, не е баш најлесно. Потребна ви е малку среќа за да изберете зрела лубеница, а ќе ви помогнат едноставни трикови.

Дамките се важни!

Дали забележавте дамка на површината на лубеницата? Го претставува местото каде што лубеницата лежела на земја за време на зреењето. Најзрелите лубеници имаат жолтеникава дамка, додека оние кои се со бела или светло зелена боја треба да се избегнуваат бидејќи се собираат пред да созреат. Не купувајте лубеница која нема дамка на површината.

Изберете овошје без оштетување

Површината на лубеницата треба да има темнозелена боја, тврда на допир, мазна и без видливи оштетувања. Меката површина е сигурен знак дека овошјето почнало да гние, а избегнувајте ја таа исушена површина која ја изгубила сета своја сочност и сладост. Овошјето треба да биде асиметрично, а оние со необични грпки оставете ги на некој друг.

Тестирајте ја тежината на лубеницата

Можеби нема да можете да носите тешки лубеници од продавница дома, но најмногу внимание треба да посветите на најтешкото овошје. Дури 92 отсто од лубениците се вода, па така најсочните плодови се и најтешки. Соберете неколку лубеници со иста големина и однесете ја дома најтешката. Таа ќе биде најслатка и најсочна!

Погледнете во видеото како да препознаете сочна лубеница и како брзо да ја исечете за летно освежување. А доколку некој од вас има уште вакви совети, споделете ги во коментарите, можеби ќе послужат на некој.