3-годишен палавко уништил 12 телевизори и нанел штета од илјадници евра
Родителите ќе се согласат дека децата се енергични, бунтовни и сакаат да играа. Но, ако мислевте дека детето е палаво со постојаните чкртаници на мебелот, тогаш погледнете ја Шјама Андервуд. 35-годишната мајка на четири деца од Нортемптон вели дека не успеала да ги тргне погледите од нејзиниот најмлад син, Џексон-Картер, три години, откако тој започнал да оди на 10 месеци. За тоа време, деструктивните активности на бебето ја чинеле мајката 6.000 фунти. Малиот палавко уништил 12 телевизори и поради него било потребно целосно преуредување на дневната соба. Мајката вели дека се доволни неколку минути за тој да предизвика хаос.