3-годишно момченце возело половина километар со камиончето играчка на автопат за да го спаси својот татко

Кога неговиот татко паднал на земјата 3-годишниот Стефан Сноуден знаел дека треба да повика помош. Така решеното мало момче го земало камиончето играчка и почнало да вози долж прометниот автопат додека автомобили кочеле и го заобиколувале.

Откако поминал околу 500 метри го забележала жена која живее во близина. Таа го стопирала сообраќајот и го земала Стефан во рацете.

Друга жена која видела што се случило го земала детето кај неа дома и повикала полиција додека се обидувала да открие од каде дошло детето. Таа наскоро сфатила дека детето тргнало да бара помош затоа што неговиот 28-годишен татко Марк имал епилептичен напад.

Додека неговата 25-годишна мајка била во продавница по намирници, на таткото му се слошило и малиот Стефан возел 500 метри по автопатот за да побара помош. Тој им велел на полицајците: „На тато не му е добро“ и додека да откријат која е неговата куќа мајката на Стефан веќе се вратила дома и го чекала амбулантното возило за нејзиниот сопруг, без да биде свесна дека Стефан го нема.