3 прашања што никогаш не треба да ги поставувате на првиот романтичен состанок
Во дигиталната ера на состаноци, првите состаноци доаѓаат со голем притисок и одредено ниво на очекување, особено ако сте лажеле за вашата висина на „Тиндер“, „Бамбл“ или „Хинџ“. Но, сакале или не, првите впечатоци се од големо значење и не сакате да издадете никакво ваше „црвено знаме“ на самиот почеток.
За среќа, експертот за врски од САД, Блејн Андерсон, е тука да помогне и да нѝ ги открие првите три прашања коишто не смеете да ги поставите на првиот состанок.
1. „Која е вашата историја на запознавања? Со колку луѓе си се гледал/а?“
Иако можеби сакате да го знаете одговорот на ова што е можно поскоро, Андерсон вели дека мора да ги избегнете сите искушенија.
„Единствената категорија прашања што би ги советувала самците да избегнуваат директно да ги прашуваат на првите состаноци е околу историјата на состанување. Нема потреба да ги носите бившите на вашите први состаноци. Останете присутни и фокусирајте се на овде и сега“, изјави таа.
Наместо тоа, таа предлага: „Бидете разиграни и поставувајте прашања што ќе ве насмеат на состанокот“.
2. „Ова беше одлично! Дали сакаш да одиме на втор состанок?“
Запознавањето е тешко. И кога мислите дека сте запознале некој што сакате да го видите повторно, можеби ќе сакате да се воздржите од брзање.
„Планирањето за вториот состанок е форма на додворување, форма на тестирање на е заеднички интерес“, рече основачката на „Dating by Blaine“
„Затоа сакам да го оставам отворен првиот состанок. Ми се допаѓа да го оставам тој процес на планирање недопрен. Сепак, едно лице мора малку да ризикува. Ако прашате некого дали сака да оди на втор состанок, 99 проценти ќе ви каже „да“, бидејќи е многу непријатно да не се каже да“, објасни таа.
3. „Ги испивме пијачките. Да одиме да вечераме сега?“
Ако ви е толку убаво и не сакате да заврши „дејтот“, тоа е добро. Но, обидете се да ставите крај додека е добро.
„Проблемот со седумчасовниот прв состанок е што го имате ова лажно чувство дека сте навистина интимни без да знаете дали со текот на времето тие ќе бидат конзистентни“, рече таа.
„Колку добро и да се чувствувате, дури и ако сте на најневеројатниот состанок, би ги охрабрила луѓето да престанат по вториот круг на пијачки. Заминете сакајќи повеќе. Ако магијата е таму, тоа ќе доведе до втор состанок“.
Коментирај анонимно