3 знаци дека партнерот ве изневерува на Денот на вљубените
Додека многу парови го прославуваат Денот на вљубените, некои се сомневаат дека нивниот партнер крие нешто. Австралиската приватна „детективка“ Кеси Крофтс, која работи на случаи на неверство, споделува три клучни знаци што може да укажат на тајна афера.
Првиот знак е ако партнерот има планови на 13 февруари, а потоа и на 14-ти. Неверните лица често го посветуваат Денот на вљубените на официјалниот партнер, додека ден претходно го поминуваат со тајниот љубовник.
Вториот индикатор е ненадејната промена во активностите на социјалните мрежи. Ако вашиот партнер секоја година објавувал за вас на Денот на вљубените, но оваа година тоа не го прави и ве одвраќа од објавување, тоа може да биде знак дека крие нешто.
Третиот знак е несогласување помеѓу банкарските трансакции и подароците што сте ги добиле. Ако сте добиле накит и цвеќе, а на изводот од сметката се појавуваат купувања во продавници за долна облека, можно е подароците да не биле само за вас.
Покрај овие знаци, Крофтс открива и дека измамниците користат едноставни методи за комуникација, како апликацијата Notes на iPhone. Оваа функција им овозможува на двајца корисници да споделуваат и уредуваат белешки во реално време, без класични пораки или апликации за допишување.
Ако нешто ви изгледа сомнително, можеби е време да обрнете внимание на овие предупредувања.

Коментирај анонимно