30 дневен притвор за полициски службеници поврзани со пожарот во диското „Пулс“ во Кочани
Судиите при Основниот кривичен суд Скопје им одредија 30-дневен притвор на седуммина службеници од СВР Штип и Полициската станица Кочани. Тие се осомничени за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“ (казна од 3 до 20 години), поврзано со издавањето на незаконска лиценца за дискотеката „Пулс“, каде на 16 март во пожар загинаа 59 лица, а 178 беа повредени.
Службениците, меѓу кој началници, инспектори и администратори, издале позитивни мислења за лиценца за кабарето во 2023 година, иако знаеле дека објектот не ги исполнувал безбедносните услови и дека во претходниот период имало пријави за кривични дела и нарушување на јавен ред. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, истакна дека тие игнорирале недостатоци, не извршиле целосни проверки и фалсификувале документи, што придонело за трагедијата.
Судијата го прифати предлогот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, наведувајќи опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото. Досега притвор е одреден за вкупно 25 лица, вклучувајќи еден службенник од Министерството за економија. Тошковски дополнително откри дека пронајдена е уште една фалсификувана лиценца за дискотека во Скопје.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно