30 фотографии кои ја покажуваат реалноста за медицинскиот персонал кој работи во Вухан

Градот Вухан во централна Кина е во апокалиптични услови, откако се појави новиот коронавирус и почна да се шири надвор од контрола. За една недела, градот беше под карантин за кој жителите велат дека предизвикува недостаток на храна и потрошен материјал. Илјадници пациенти во градот, исто така, вршат притисок врз неговиот медицински систем, при што се изградија две импровизирани болници, а медицинските работници пристигнуваат од целата земја во обид да останат во чекор со „модерната чума“.

Овие фотографии на медицински лица кои се подготвуваат за нивна прва смена во одделот за коронавирус откако биле распоредени во Вухан, го покажуваат обемот на подготовката што треба да ја поминат, сечење, па дури и бричење на косата, така што нивните медицински капачиња можат да се вклопат целосно на главата.