30 годишна жена била 45 минути клинички мртва откако се породила со царски рез: „Кога се разбудив немав поим дека сум родила 3 деца!“
Триесетгодишната Мариса Кристи од Томбал, Тексас, била прогласена за клинички мртва 45 минути по породувањето со царски рез, но се разбудила за да дознае дека станала мајка на три девојчиња.
Мариса ги родила своите три ќерки во август, но веднаш по породувањето нејзиното срце престанало да чука. Лекарите упорно се бореле да ја вратат во живот, а по речиси еден час одлучиле да изведат итна операција и да ѝ ја отстранат матката. За среќа, Мариса преживеала, но останала во несвест една недела. Кога се разбудила, немала никакво сеќавање на породувањето.
Нејзиниот сопруг, Дилан Кристи, ѝ ја соопштил веста: „Ги добивме бебињата. Тие се здрави и добро“, раскажала Мариса.
„Бев ужасната… Како можам да не се сеќавам на раѓањето на моите деца?“
Мариса, која веќе има четиригодишно момче, доживеала ретка компликација позната како амнионска емболија, каде амнионската течност навлегува во крвотокот на мајката. Лекарите изјавиле дека Мариса почнала да крвари, престанала да дише и останала без пулс.
„Таа ја изгуби целата количина на крв во телото. Го заменивме целиот волумен на крв“, објаснил д-р Рикардо Мора.
Кога конечно ги запознала своите ќерки – Шарлот, Кендал и Колинс – Мариса се соочила со емоционални тешкотии.
„Ми беше чудно. Не ги чувствував како мои. Тие веќе беа постари од една недела кога ги видов“, споделила таа.
Сепак, нејзините бебиња веднаш ја препознале како своја мајка, што ѝ помогнало да воспостави врска со нив. Иако целосно закрепнала физички, Мариса признава дека трауматичното искуство оставило длабоки емоционални последици.
„Се чувствувам многу поинаку од тоа што бев претходно. Станав посилна, но и целосно променета“, вели таа.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно