30 годишната инфлуенсерка, на којашто „цел свет“ ѝ се закани, ги демантираше гласините за наводна врска со 17 годишниот Ламин Јамал

Шпанската инфлуенсерка и стјуардеса Фати Васкез (30) се огласи по повод шпекулациите на интернет кои ја поврзуваа романтично со 17-годишниот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал. Гласините започнаа откако и двајцата објавија фотографии кои изгледаа како да се направени на исти локации во текот на нивниот одмор во Италија.

Јамал, кој неодамна ја предводеше Шпанија до победа на Европското првенство 2024, ужива во пауза по поразот од Португалија во финалето на Лигата на нации. Тој објави фотографии покрај базен и на јахта, кои следбениците ги забележаа дека наликуваат на оние што ги сподели Васкез.

 

30 годишната инфлуенсерка, на којашто „цел свет“ ѝ се закани, ги демантираше гласините за наводна врска со 17 годишниот Ламин Јамал

Коментарите излегоа од контрола

Ова предизвика шпекулации на социјалните мрежи, проследени со критики и дури закани по животот кон Васкез. Таа одговори преку Инстаграм:
„Тажно е да се види колку темнина имаат некои луѓе во себе, кога можат да посакаат смрт на некој што дури и не го познаваат… На оние што ми посакуваат зло – им посакувам исцелување.“

Гласините ги демантира и новинарот и инфлуенсер Хави де Хојос, кој изјави дека Јамал „категорично негира“ каква било врска со Васкез и потврди дека бил на одмор со соиграчи од Барселона, а не со неа.

 

Коментарите излегоа од контрола

Младиот Јамал – симбол за скромност и покрај големите успеси

Ламал, според медиумите, е сингл откако минатата година раскинал со TikTok ѕвездата Алекс Падилја. Иако се споменува како можен добитник на „Златната топка“, тој останува скромен.

Младиот Јамал - симбол за скромност и покрај големите успеси

„Луѓето имаат погрешна слика за Златната топка. Таа не е за оној што ќе победи на еден натпревар, туку за најдобриот играч во годината… Без разлика што ќе се случи, јас ќе продолжам да уживам во фудбалот,“ изјави тој неодамна.

  • Васе напиша:

    Секоја жена обожава да демантира вакви „злонамерни оговарања“!?
    17 години, а веќе врти женски!!! Се сеќавам јас кога бев на негови години (80-тите), важеше правилото:
    прво заврши средно, а потоа фати женска! Тоа убао го има објаснето Тошо од К-15 во многуте скечеви.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *