300 мртви птици мистериозно паднаа од небото на Велшкиот остров
Како во некој заплет од хорор филм 300 мртви птици паднаа од небото оставајќи ги расфрлани по патот во Северен Велс. Мртвите птици биле откриени од Хана Стивенс, која го видела јатото како лета наоколу тој ден. Таа вели дека ги видела како ѝ прелетале над главата, а потоа како да се спуштиле на земјата и да јаделе нешто од патот.
Само еден час подоцна, таа се вратила на патот и ги видела мртвите птици, што ја исплашило и збунило. Таа решила да му каже на нејзиниот партнер Дафид Едвардс, а тој отишол и ја снимил сцената која може да се опише само како „место на злосторство“.
Едвардс стапи во контакт со Тимот за рурален криминал во Северен Велс и Агенцијата за здравје на животни и растенија со надеж дека ќе можат да фрлат светлина за тоа како умреле птиците.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.