32-годишна мајка повикала 14-годишно дете да се напие вода и го завела
32-годишната Теа Винсент, мајка на три деца од Глостершир, Англија, гледала како двајца 14-годишници играат фудбал во близина на нејзиниот дом. Жената ги поканила момчињата да се напијат вода со цел да ги заведе. Сите тројца разговарале во кујната за училиште, каде што момчињата ѝ кажале колку години имаат и Теа набргу преминала на темата се*с. Потоа го повикала едното од момчињата на вториот кат. „Таа ме покани горе, а јас помислив дека има конзола за игри или телевизор.“, вели жртвата. Но, наместо игри Теа стоела пред него гола и му велела да легне со неа на креветот. По неколку минути момчето се опоравило од шокот и се стрчало надолу. Таму го чекал пријателот кој ги слушнал непристојните звуци од собата. Како резултат, тинејџерот им соопштил на своите родители за инцидентот. Винсент се изјасни дека не е виновна, изјавувајќи дека сметала дека нејзината жртва веќе има 16 години. Судскиот процес е во тек.