33-годишна девојка со бујни веѓи и мустаќи стана славна на интернет затоа што засекогаш се скарала со бричот и лентите за депилација

Запознајте ја 33-годишната Елдина Јагањац од Данска која во стана хит на интернет бидејќи еден ден решила да му даде црвен картон на општо прифатениот идеал за женската убавина. Таа чувствувала толку голем притисок за да се држи до одредена норма или стандард наметнат главно од медиумите, што еден ден ѝ пукнал филмот и решила да почне да живее безгрижно, бујно и опуштено.

„Кога мажите можат да прават што сакаат, а никој не се грижи, зошто не и ние? Мислам дека задолжителното отстранување на влакна кај жените е толку наметнато. Зошто? Зошто треба да го правиме тоа? И кој вели дека треба да го правиме тоа?“ – објаснува девојката.

Се разбира, таа добива многу негативни реакции за нејзиниот нов имиџ на социјалните мрежи, но не ѝ е грижа бидејќи „Тоа е само протест против тој стандард за убавина кој изгледа важи само за жените“, вели Елдина.

„Фокусот единствено на мојот изглед е објективизација од страна на медиумите.“