33-годишната мајка на 12 деца, која го родила своето прво на 16, вели дека конечно „завршила“ со раѓањето иако нејзиниот сопруг СЕПАК сака повеќе

Бритни Черч (33) од Арканзас Сити, Канзас, имала 16 години кога го родила своето прво дете во 2004 година, а имала уште три деца на возраст од 17 до 19 години.

Таа имала уште четири деца во нејзините 20-ти, а родила тројки кога имала 30. Минатата година, на 32-годишна возраст, го роди бебето со број 12.

„Мислам дека завршив“, изјави Черч низ смеа, иако призна дека нејзиниот сопруг Крис (30) со задоволство би имал уште деца.

Заедно, тие ги делат седумгодишниот Силас, петгодишниот Кристофер Џуниор, тригодишните тројки Оливер, Ашер и Абел и 11-месечната Ровин.

Черч има и шест постари деца од две претходни врски: Кризман (17), Џордан (16) Кејлеб (14), Џејс (13), Каденс (12) и Џесалин (10).

Нејзиното најстаро дете, Кризман, заврши средно училиште минатиот месец, и е поблиску по години до нејзината мајка отколку до нејзините браќа и сестри.

Таа поминала три години одгледувајќи пет деца како самохрана мајка пред да го запознае Крис на работа во 2014 година.

„Сите беа вагинални освен тројките – со нив направив царски рез“, рече таа.

И иако не планира да има повеќе деца, таа верува дека би можела да носи уште една здрава бременост доколку сака да се обиде за бебето број 13.

Семејството јаде оброци заедно на маса со 12 седишта што ја изградил Крис, а секое дете дели соба во нивниот дом со пет спални.

Кога се сите заедно, патуваат во Форд Транзит со 15 седишта што го купиле по раѓањето на нивните тројки.

Според мајката, нејзините деца пијат преку два литри млеко дневно, што ги чини приближно 200 долари месечно – не сметајќи што трошат за други намирници.

„Многу луѓе претпоставуваат дека сме на социјална помош – не сме“, рече таа. „Добивам многу прашања како: „Дали си католик? Дали си религиозен?“

Мајката додаде дека не се кае што има толку големо семејство, велејќи: „Најсреќни сме кога сме сите заедно“.