35-годишна писателка се гордее што е „грда девојка“, која одбива да се тушира и да си ги мие забите секој ден
Жена која „случајно стана вирална“ откако објави видео на Тик Ток и собра повеќе од половина милион прегледи, во кое објаснува зошто не се тушира, не користи дезодоранс, прескокнува да ги четка забите и се категоризира себеси како „грда, груба девојка“, на што е премногу горда.
Анабел Фенвик Елиот (35) живее сама на село во Есекс со своето куче, додека нејзиниот вереник работи во странство, а бидејќи се смета себеси за интровертна личност, многу ретко се гледа со други луѓе. Оваа писателка признава дека речиси никогаш не ја чешла долгата коса, намерно заборава да ги мие забите затоа што не ѝ се допаѓа вкусот на храната потоа, а понекогаш само се тушира. Сепак е многу свесна дека со таквите навики сигурно остава впечаток на бездомник, зависник или ментално болна личност. Не се грижи воппшто за туѓото мислење, туку напротив, продолжува да си ужива во животот.

Живее сама на село, работи од дома и се дружи со кучето, па затоа не ѝ е воопшто важно како изгледа. Нејзините постапки ги сведува исклучиво на сопствената „мрзеливост“ и токму затоа нејзината лична хигиена се наоѓа на дното на листата на нејзините приоритети.
Кога го отворила профилот на Тик Ток, малку била скептична како ќе ја прифатат, па дури сакала и да се нашминка. Но, сепак одлучила да се снима во своето најприродно издание, и искрено признала дека живее сама, дека не сака луѓе, дека има чудни хигиенски навики и целосно го опишала нејзиниот живот. Се изненадила од самиот факт колку многу луѓе го живеат животот на истиот начин како неа. За помалку од една недела, имала половина милион прегледи. Со тоа сфатила дека и не е баш толку абнормална како што мислела. Оваа искрена писателка признава дека не ја чешла косата туку само ја врзува во пунџа. А, што се однесува до употребата на дезодорансите и антиперспирантите, строго ги избегнува, сметајќи дека не ѝ се потребни хемикалии кои ќе ѝ ги блокираат потните жлезди и би ја нарушиле природната рамнотежа на телото.
Анабел смета дека претераната лична хигиена не е од биолошки нагон, туку е предизвикана од премногу реклами за средства за лична хигиена. Според неа, долговечноста и доброто здравје не се должат на скапите средства за хигиена туку на чистата вода за пиење и природата.

Меѓутоа, не инсистира сите да живеат како неа, бидејќи додека работела во канцеларија во Лондон, почесто се туширала, користела хидратантен крем и сув шампон. Кога нејзиниот вереник е вратен од странство, малку повеќе внимава на хигиената, но штом си замине, си се враќа на старите навики. И затоа на шега вели дека четката за коса собира прашина, тушот се чувствува осамен, а машината за перење се прашува каде згрешила.
Големиот одзив на Тик Ток, според Аманда, се должи на пандемијата која ги направи луѓето асоцијални, отуѓени, меѓутоа многу повеќе свесни дека нема ништо поубаво од тоа да го живееш животот исклучиво според своите потреби.
