360 денари за мало пиво и 170 денари за леб: 7 работи што не сте ги знаеле за европскиот Рио де Жанеиро
Неговата панорама неодоливо потсетува на познатиот бразилски бисер, поради што многумина го нарекуваат европски Рио де Жанеиро. Поради топлите лета привлекува голем број познати личности од целиот свет, кои му го дале прекарот швајцарски Монте Карло …

1. Лугано е град и општина во јужниот дел на Швајцарија во кантонот Тичино на границата со Италија. Покрај тоа, тој е најголемиот град со мнозинско население што зборува италијански надвор од Италија. Градот има околу 63.000 жители или околу 150.000 со предградија. Поради својата близина до Италија, Лугано има силно италијанско влијание врз архитектурата, културата и начинот на живот.

2. Градот лежи на глечерното езеро Лугано, кое се наоѓа на надморска височина од 271 метар во подножјето на Алпите. Езерото има површина од 49 квадратни километри, од кои 31 квадратен километар се наоѓаат во Тичино, а останатите во соседна Ломбардија. Најголемата длабочина на езерото е 288 метри. Водата во езерото во летните месеци се загрева до 24 степени Целзиусови.
3. Лугано носи многу прекари. Неговата панорама неодоливо потсетува на познатиот бразилски бисер, поради што многумина го нарекуваат европски Рио де Жанеиро. Поради топлите лета, привлекува многу познати личности од целиот свет, кои му го дале прекарот швајцарски Монте Карло.

4. Како што доликува на модерно летувалиште, но и град кој е оддалечен само 80 километри од Милано, Лугано е и мека за сите љубители на скапите модни брендови. Овде може да се купат сè, од облека од Гучи, Прада и Луј Витон до модни додатоци на Ролекс и Патек Филип.

5. Градот е опкружен со планините Бре и Сан Салваторе. Има и жичница до Сан Салваторе со магичен поглед на Лугано и неговата околина, која е изградена далечната 1886 година.
6. Поради своите живописни пејзажи, но и шармантниот стар град, Лугано се етаблира како популарен туристички град. Од друга страна, ова е трет банкарски центар на Швајцарија, па може да се каже дека Лугано на свој начин ги комбинира швајцарската ефикасност и италијанската (медитеранска) релаксација.

7. Лугано е исто така многу скапо место за живеење. Литар млеко во продавница чини нешто повеќе од 80 денари, а половина килограм леб околу 170 денари. За мало пиво од 0,33 литри во кафулињата треба да платите околу 360 денари, а за евтин оброк во ресторан ќе платите 1.500 денари. Високите цени на стоките и услугите се придружени со високи плати – просечната плата во Лугано е околу 270.000 денари.
