3Д аниматор покажа колку се големи астероидите во нашиот Сончев систем и не можеме, а да не си замислиме апокалиптично сценарио

Мултиверзумот е бесконечен, вселената е огромна, а нештата што лебдат во неа се прилично големи. Но, колку всушност се големи во споредба со нашиот свет? Лесно е да се заборави обемот на космичките работи кога се занимаваме со нашите секојдневни животи. Но, уникатна точна споредба може да ви помогне да сфатите колку навистина сме мали.

3Д аниматорот Алваро Грација Монтоја од студиото MetaBall ни покажа колку се навистина големи некои астероиди во нашиот Сончев систем. И ги спореди со големината на Њујорк за да можеме полесно да си ги поврземе работите. Никој не се надевал дека ги има толку многу и во тие размери.