4-годишно девојче преживеа само во бразилската дождовна шума скоро една недела
Ана Виторија Соарес Кардоза исчезнала на 29 декември во руралното подрачје на заедницата Рио Манива, во северен Бразил.
За последен пат била видена како игра со својата осумгодишна сестра во кајак. Откако исчезнала семејството стравувало дека се удавила, бидејќи не знае да плива.
Тие ги повикаа службите за итни случаи, а тројца нуркачи беа повикани да помогнат во пребарувањето и спасувањето. Локалниот началник дал изјава дека со денови ја пребаруваат реката, но не нашле ништо. Семејството на девојчето им кажало дека не отишла кон џуглата и тие почнале да веруваат дека е мртва.
Но на 2 јануари 4-годишното девојче кое е едно од 9-те деца во семејството било пронајдено од нејзин братучед на 2 километри од местото каде што се изгубила. За среќа девојчето не било во лоша состојба.
Нејзината мајка Росилете де Соуза Соарес изјави за новинарите дека преживеала со тоа што јадела овошје и пиела вода од поток. Таа била однесена во болница во градот Сантана во соседната држава Амапа каде останува набудување, но се очекува да закрепне целосно наскоро.