4 Македонки повторно ја поттикнуваат хуманоста кај луѓето, откако минатата година поделија 50 пакетчиња

Новогодишните празници се период на среќа, мир и спокој во семејството, но овие највредни работи некои луѓе за жал не можат да си ги дозволат. Но, сепак и тие заслужуваат да бидат дел од новогодишната магија. Марија, Ема, Жаклина и Мила се четири студентки кои минатата година самоиницијативно со цел да направат нешто за потенцијално ранливите категории на лица собраа парични средства и направија 50 пакетчиња кои ги поделија на најмладите, но и на луѓето кои имале потреба од нив.

Оваа година тие сакаат да направат повеќе: „Оваа година правиме сериозен чекор напред, со се поголема улога во собирање на донации и други средства кои се потребни, целиме да внесеме радост и среќа во домовите за деца без родители, како и пружање помош на потенцијално загрозените семејства, пробувајќи со новогодишен дух да им ги стоплиме нивните срца и барем малку да го пополниме оној дел кој им недостига. Сета онаа радост која што ја гледаме на лицата на кои им помагаме е бесценета и греејќи ни го срцето, нѐ охрабрува да не сопреме тука и да ја развиеме свеста што е можно повеќе.“

„Нас најмногу ни се потребни донации во вид на конзервирана храна (паштета,сувомеснато, грцки, сокчиња), исто така потребни ни се средства за хигиена,играчки,облека и сл.“, велат девојките.

Доколку сакате да се вклучите во акцијата и да помогнете контактирајте ги девојките на Фејсбук, тука.

Еве го и видеото од минатогодишната акција на девојките: