4 „тајни“ на долговечноста: Што можеме да научиме од најстарата жена во светот?
115-годишната Етел Катерхам од Сари официјално го доби признанието за најстара жива личност на светот. Многумина што ја читаат оваа вест се прашуваат: Која е нејзината тајна?
Иако не е секогаш најдобра идеја да се следат здравствени совети од луѓе кои доживеале над 110 години, затоа што тие често се исклучоци, сепак истражувањата за заедници со висока стапка на долговечност откриваат неколку корисни навики.
Физичка активност и и исхрана
Луѓето што се физички поактивни живеат подолго и поздраво. Дури и 75 минути брзо одење неделно може да го продолжи животот за околу две години. Но, неактивноста е посебен ризик. Седењето со часови, дури и ако вежбате, носи зголемен ризик од предвремена смрт. Совети: станувајте на секои 30 минути, движете се во канцеларија, стојте во јавен превоз и вежбајте умерено по 30 минути речиси секој ден.
Истражување на 100.000 луѓе во период од 30 години покажа дека оние кои достигнуваат 70 години без хронични болести обично јадат повеќе овошје, зеленчук, цели житарки, јатки и мешунки, а помалку преработено месо, засладени и пржени производи. Не мора да сте вегани, но клучна е умереноста. Постојат и докази дека постот и ограничениот внес на калории можат да го продолжат животот.
Сон и стрес
Редовен и квалитетен сон е клучен. Луѓе со нарушен ритам на спиење имаат 50% поголем ризик од прерана смрт. Но, потребната должина на сон е индивидуална – препораката е 7-9 часа дневно.
Стресот, особено во раното детство, може долгорочно да го оштети здравјето. Од друга страна, психолошка отпорност кон стрес и добри социјални врски се поврзани со подолг живот. Луѓе над 65 години кои секојдневно се социјално активни имаат трипати поголеми шанси да доживеат уште најмалку пет години.
Но, исто така важна е и генетиката
Иако не можеме да ја контролираме генетиката, таа игра улога од околу 20-40% во долговечноста. Сепак, и најдобрите гени не гарантираат долг живот. Иако Етел доживеала 115 години, нејзините две ќерки починале на 71 и 83 години.
Заклучокот: и покрај генетските фактори и биолошката среќа, најдобриот начин да се продолжи животот е преку физичка активност, здрава исхрана, квалитетен сон и намален стрес.
Коментирај анонимно