Премини на МотикаX

40-годишниот Роналдо остана вчудоневиден кога дозна навистина му е „старо“ телото

Легендарниот фудбалер Кристијано Роналдо остана вчудовиден кога откри дека успеал да го „врати часовникот“ и да ја намали својата биолошка возраст за повеќе од една деценија.
Иако наполни 40 години, неговите резултати на теренот и во лабораторија кажуваат нешто сосема друго…

 

40-годишниот Роналдо остана вчудоневиден кога дозна навистина му е „старо“ телото

На 40, со тело на 28-годишник

Роналдо и понатаму ја тресе мрежата во Саудиска Арабија, играјќи за клубот Ал-Наср, каде што оваа сезона постигна 33 голови. Но, она што навистина го шокираше и него самиот беа резултатите од здравствените тестови спроведени од компанијата Whoop.

Тие покажале дека неговата биолошка возраст е само 28.9 години, што значи дека неговото тело е физиолошки помладо за цели 11 години од неговата вистинска возраст.
„Не можам да поверувам дека имам 28.9 години“, рече Роналдо во интервјуто за Whoop Podcast со Вил Ахмед. „Тоа значи дека ќе играм уште 10 години!“

 

На 40, со тело на 28-годишник

Строга рутина и однос кон телото како кон Ферари

Тој не го крие фактот дека зад сè стои жестока дисциплина. Според шпанскиот новинар Сантиаго Сегурола:
„Постојано тренира, било со тимот или дома. Опседнат е со своето тело. Го третира телото како да е Ферари.“
Роналдо секојдневно тренира до четири часа, а редовно посетува и теретана за кардио и сила.

 

Строга рутина и однос кон телото како кон Ферари

Исхрана – клучот зад резултатите

„Добриот тренинг мора да се комбинира со добра исхрана“, изјавил Роналдо за GOAL.
Тој се придржува до диета богата со протеини, интегрални јаглехидрати, овошје и зеленчук, и строго избегнува шеќери. Работи со тим од нутриционисти кои ја следат секоја негова чинија.

Освен тренинзите и диетата, Роналдо посветува големо внимание на опоравувањето. Редовно користи ледени бањи рано наутро, а има тим што се грижи неговото тело да биде во топ форма меѓу натпреварите.
Затоа, не е чудо што на 40 изгледа и игра како да има 28 години – и уште планира да продолжи!

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *