40 камили биле дисквалификувани од натпревар за убавина откако се дознало дека не се природни

Десетици камили биле дисквалификувани од натпревар за убавина во Саудиска Арабија, откако се дознало дека нивниот изглед бил подобрен преку инјекции со ботокс и други слични козметички процедури.

Фестивалот на камили на кралот Абдулазиз е годишен натпревар на кој одгледувачите ги претставуваат некои од најубавите камили во земјата, сите во конкуренција за награда од 66 милиони долари. Среќниот добитник се одредува врз основа на фактори како што се обликот на главата, вратот, грбот и држењето на телото.

Во согласност со правилата на натпреварот, ботокс и други вакви естетски зафати се строго забранети. Сепак, оваа година, повеќе од 40 камили биле дисквалификувани по најголемата акција на властите во историјата на натпреварувањето.

Државната саудиска прес агенција објави за ова масовно дисквалификување во средата, 8 декември.

Фестивалот се одржува во пустината североисточно од главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, со цел да се зачува улогата на животното во наследството на земјата.

Со користење на „специјализирана и напредна“ технологија за откривање на измами, властите открија дека десетици одгледувачи козметички ги измениле нивните камили.

Во 2018 година, 12 камили биле дисквалификувани од натпреварот за убавина Мис Камел, откако било откриено дека им било вбризгано ботокс.