438 дена изгубен на море: Неверојатното преживување на рибарот Хосе Алваренга
Во 2012 година, искусниот рибар Хосе Салвадор Алваренга тргнал на дводневен риболов од Мексико со 22-годишниот неискусен Езекиел Кордоба. По бура што траела една недела, нивниот брод останал без мотор и бил однесен длавоко во океанот. Без храна и вода, биле принудени да ловат птици, риби и желки. По десет недели, Кордоба починал од болест, оставајќи го Алваренга сам во океанот.
Спас по 438 дена
Осамен и очаен, Алваренга видел товарен брод, но екипажот не му помогнал. По 438 дена, на 30 јануари 2014 година, допливал до мал остров на Маршалските Острови, каде што бил пронајден и спасен.
Неговото преживување останува една од најневеројатните приказни за човечка издржливост до ден денес.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно