45 исчезнати деца се спасени од трговија со луѓе, благодарение на голема полициска акција

Американските маршали во Охајо спасија 45 исчезнати деца во текот на истрагата позната како операција „Есенска надеж“ во она што беше опишано како најголем напор против трговија со луѓе во државната историја.

Акцијата беше координирана преку Комисијата за истраги на организиран криминал во Охајо на јавниот обвинител Дејв Џост и учествуваа повеќе од 50 агенции за спроведување на законот и невладини партнери, кои вршеа истовремени рации низ целата држава. Истражителите се фокусирале на спасување жртви на трговија со луѓе, пронаоѓање на исчезнати деца, приведување на оние кои сакаат да имаат секс со малолетници и апсење на „мажи кои сакаат да купат секс“.

Вкупно 109 жртви на трговија со луѓе биле спасени и упатени на социјалните служби како резултат на мисијата, вклучително и пронаоѓање на 45 исчезнати деца. Вкупно биле расчистени над 70 случаи на исчезнати и експлоатирани деца, соопштиле од канцеларијата на јавниот обвинител.

Меѓу исчезнатите било и 15-годишно девојче од Кливленд, чие пронаоѓање помогнало да се пронајде цел ланец за трговија со луѓе во Колумбос и човекот кој стои зад него. Работната група за трговија со луѓе во долината Махонинг и канцеларијата на шерифот во округот Френклин, успешно привеле 22 лица кои сакале да имаат сексуални односи со малолетничка, вклучувајќи пастор, студенти и советник за рехабилитација.

Уште 157 мажи, вклучувајќи пожарникар, адвокат и мотивациски говорник, биле уапсени поради изнудување и други злосторства во окрузите Кујахога, Френклин и Лукас.

Шерифот на округот Френклин Далас Болдвин вели дека предаторите „бесрамно ги таргетираат најневините и најнезаштитените членови на заедницата“ и истакна дека операцијата „Есенска надеж“ испраќа гласна и јасна порака: Гледаме, ќе ве фатиме и ќе ги заштитиме нашите деца.