48 годишната оскаровка Хилари Свонк ќе стане мајка на близнаци и тоа по прв пат!

Актерката од „Бебе од милион долари“, Хилари Свонк ќе стане мајка на близнаци.

Оскаровската ѕвезда ја сподели веста во средата на „Добро утро Америка“. Ѕвездата е во брак со Филип Шнајдер и ова ќе бидат нивните први деца.

„Ќе станам мајка! И тоа не само на еден, туку на двајца“, изјави Хилари во утринската програма. „Толку е убаво да можеш да зборуваш за тоа и да го споделиш“, додаде актерката.
На „Инстаграм“ таа напиша: „Наскоро…ДВОЈНА функција“

Хилари исто така сподели дека близнаците се очекувани и во нејзиното семејство и кај Шнајдер. „Тоа е голем благослов. Тоа е тотално чудо. Тоа е неверојатно“, вели таа.

Кога ја прашале кога треба да се роди бебето, Свонк направила лице кое покажало дека не сака да каже.
Ѕвездата е во брак со Филип Шнајдер од 2018 година. Нејзиниот прв сопруг беше Џад Лоу, со кого беше во брак од 1997 до 2007 година. Тој е актер и брат на Роб Лоу.

Хилари зборуваше и за новата драма на „ABC“ на „Alaska Daily“. Во серијата таа ја игра истражувачката новинарка Ајлин Фицџералд.

Таа, исто така, зборуваше за враќањето на малите екрани.

Таа беше прашана дали има доволно квалитети за да глуми истражувачка новинарка, што ја натера Хилари да каже дека сигурно може да ги прочита редовите. И Свонк додаде дека ликот навистина бил тежок. И рече дека тоа и било предизвик бидејќи како актер е „трагач на вистината“ затоа што сака да ја пронајде вистината во ликот.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *