5 базени и 49 бањи: Погледнете како изгледа најскапиот дом во Америка

Најскапиот дом во САД неодамна стана достапен за купување. Имотот наречен The One се наоѓа во Бел Ер, Лос Анџелес и се продава за 295 милиони долари.

The One се простира на 1,5 хектари приватен имот и зафаќа нешто помалку од 10.000 квадратни метри станбена површина. За споредба, тој е двојно поголем од Белата куќа во Вашингтон.

The One е дело на архитектот Пол Меклин. Се состои од четири посебни згради и вклучува 21 спална соба, 49 бањи и приватна кино сала за околу 40 луѓе.

The One има пет базени, огромна тераса, тениско игралиште, терен за мини голф и приватна патека за џогирање. Внатре во куќата има теретана, салон за убавина, велнес и спа центар и куглана.

Овде можете да најдете винарска визба која може да собере 10.000 шишиња, како и гаража за околу 30 автомобили.

Зад овој мегаломански проект стои поранешниот холивудски продуцент Нил Нијами, кој работи на него во последните 10 години. Тој првично сакаше да го создаде најскапиот дом на светот и да го продаде за 500 милиони долари.

Бидејќи неговата компанија за недвижнини била принудена да прогласи банкрот, куќата била ставена на продажба. Се верува дека ќе биде продаден на аукција во февруари оваа година.