5 „црвени знамиња“ што ќе ви укажат дека ресторанот во кој сакате да седнете не е најдобриот избор за вечера
Јадењето во ресторан треба да биде само задоволство: радоста да се опуштите и да уживате во оброкот за којшто не треба да изгубите цел ден готвејќи го, луксузот да ве служат професионалци и вкусот на добро зготвена вечера. Затоа лошото искуство во ресторан го паметите долго: не уживавте во оброкот, си го потрошивте времето и си ги потрошивте парите — деновиве, веројатно многу пари, бидејќи рестораните стануваат сè поскапи. Затоа препознавањето на лош ресторан мпже да биде клучна животна вештина.
Ако барате ново место за вечера со некои пријатели, држете ги очите отворени за следните црвени знамиња на ресторанот – и ако видите едно (или повеќе), свртете се и почнете да барате алтернатива.
Застарена веб-страница или промотивни материјали
Рестораните треба постојано да се менуваат. Персоналот се менува, новите готвачи ја преземаат кујната и менито (се надеваме) се менува со текот на времето. Ресторан кој не се потрудил да ажурира работи како што се рецензии објавени на профилите или нивната веб-страница веројатно и не се залага доволно за напредокот на ресторнаот. Како што забележува критичарот за храна Том Сиетсема, ако рецензиите на ресторанот се толку стари, тоа може да значи дека никој не кажал ништо убаво за местото долго време.
Солна киселина (или други силни мириси)
Мирисот е секогаш важен показател за тоа што ќе доживеете – а рестораните треба да мирисаат на, знаете, храна. Значи, ако мириса на средство за чистење или нешто непријатно кога ќе влезете во ресторан, не е потребна генијалност за да погодите дека ќе имате подеднакво искуство.
Затоа, ако ве удри мирис на солна киселина или други хемиски средства за чистење, барајте друг ресторан. Ресторанот треба да биде чист, да, но ако мириса на тоа и користеле такви силни средства за чистење, непосредно пред да го отворат местото, веројатно имаат голем проблем со санитарните јазли.
Големи, нефокусирани менија
Ако некогаш сте добиле мени што тежи 3 килограми и нуди сè, од стекови до суши, треба да бидете подготвени за разочарувачко искуство. Има едноставна причина за ова: повеќето квалитетни ресторани имаат силен фокус и тема за храната што ја подготвуваат. Тие нудат одреден број на јадења и закуски што ги прават многу добро. Колку е поразновидно и поголемо менито, толку повеќе треба да ви биде сомнително.
Друго нешто? Грешки во менито. Ако ресторанот не одвоил време да ги лекторира нивните менија, колку време ќе одвои за приготовка на храната?
Валкани бањи
Веднаш да се упатите кон бањата е добра проверка за целиот ресторан. Ако изгледа како последен пат да е исчистен пред неколку дена (или недели), треба да се запрашате колку напор вложуваат во чистење на кујната или на кое било друго место.
Театралност
Нема ништо лошо во тоа малку да се забавувате кога вечерате надвор, така што рестораните што прават малку шоу од сервирањето на вашата храна можеби не мора да бидат црвено знаме. Но, како што докажува постоењето на „Salt Bae Burger“ (поранешен најлош ресторан во Њујорк), понекогаш театралноста прикрива некои навистина лоши искуства со храната. Колку повеќе светки, церемонија и персонал се потребни – и колку помалку чинии обезбедени – за едноставно да го ставите вашиот оброк на масата, толку е помала веројатноста дека ќе имате искуство со четири ѕвезди. Кога јадете во навистина убав ресторан, тие едноставно ја носат вашата храна и ви велат да уживате.
Ако се пуши во ресторанот, а нели е ЗАБРАНЕТО … налево круг и гитла да те нема.
Тој што не почитува ЗАКОН, нема ни тебе да те испочитува … ГАРАНТ.
Hey there! This is kind of off topic but I need some advice from an established blog. Is it very difficult to set up your own blog? I’m not very techincal but I can figure things out pretty quick. I’m thinking about setting up my own but I’m not sure where to begin. Do you have any points or suggestions? Cheers
Коментирај анонимно