5 европски хит градови во кои можете да уживате максимално и со поскромен буџет
Да бидеме реални, патувањето не е бесплатно – но може да биде достапно. Сепак, според Buzzfeed, овие следни градови можете да ги посетите со малку поскромниот буџет, кој не мора да надминува 2.500 денари дневно.
Прага, Чешка
Иако одамна е многу популарен, цените во Прага се сепак исклучително прифатливи, па тука со задоволство доаѓаат и богати и не премногу богати туристи. Готските замоци, барокните цркви и погледите од бајките во сите правци продолжуваат да привлекуваат луѓе. Убаво е да се шета по Карловиот мост, да се посети замокот и катедралата и да се седне некаде покрај Влтава. Секако, пивото е сеуште достапно и одлично, а за засладување ви препорачуваме да купите „трделник“ на некоја од многуте тезги. Сместувањето исто така не мора да биде скапо, бидејќи во многу солиден хостел како што е Czech Inn, најевтината соба ќе ве чини околу 500 денари.
Краков, Полска
Сместен на југот на Полска, северно од границата со Словачка, Краков е значаен историски центар и втор по големина полски град. Така, иако најважен е самиот центар, односно познатиот плоштад Rynek Glowny, дефинитивно вреди да се посети замокот Вавел, но и еврејскиот кварт каде што можете да ја видите фабриката Оскар Шиндлер. Важно е да се каже дека од тука започнуваат и екскурзии до Аушвиц, кој е оддалечен околу 60 километри од градот. Секако и овде исто како и во Прага ќе најдете евтино сместување во хостел, а препорака е престој во Атлантис.
Истанбул, Турција
Ако сте љубител на мачки, задолжително додајте го Истанбул на вашата листа. Градот е полн со мачки, и сите се однесуваат љубезно со нив, без разлика дали сте во европскиот или азискиот дел. Во најнаселениот турски град, дефинитивно мора да прошетате низ Големата чаршија, како и да ја посетите Света Софија и Сината џамија. Исто така, не треба да се грижите за храната, бидејќи на секој чекор има најразлични тезги, па само треба да изберете некој од турските специјалитети. Иако сите препорачуваат сместување на европска страна, нема да погрешите со изборот на хостелот Moda Drei во азискиот дел на Истанбул. Старите продавници, одличните кафулиња, одличната храна на улица и близината на траектот до европската страна, со уредност, се доволно добар аргумент.
Лисабон, Португалија
Во последниве години, португалската национална авиокомпанија ТАП воспостави директни летови од Лисабон со САД. Иако зголеменото доаѓање на странски туристи ги зголеми цените, главниот град на Португалија сепак може да се обиколи без да се банкротира. Се исплати да се оди на разгледување на тврдината Белем, да се јаде многу пастел де натас и да се оди на бесплатна обиколка низ познатата област Алфама. Се разбира, Синтра не е премногу далеку ниту со воз, а овој град вреди да се види. Сместување во хостел од 400 денари па нагоре може да се најде во хостелот Independente Hostel and Suites, кој вклучува ресторан, бар и пивска градина.
Будимпешта, Унгарија
Исто како Истанбул, овој град можеме да го поделиме на два дела. Градот изобилува со музеи (кого го интересира историјата, го препорачуваме големиот музеј на теророт), историски локации, но и добар ноќен живот. Нашироко се достапни бесплатни тури со водич, а задолжителна е прошетка по мостот на синџирите, посета на Рибарската тврдина, како и разгледување (барем однадвор) на неверојатната зграда на парламентот. Исто така, постојат популарни бањи во центарот на градот, а резервирајте сместување во Baroque Hostel and Co – working. Се наоѓа во близина на добри ресторани, од кои треба да се издвои еден со едноставно име – Пиперка.