5-годишниот ангел испадна многу „лош“ за време на претставата за раѓањето на Исус

Децата најчесто гледаат многу невино на работите, а ние возрасните сме тие кои ја гледаат сликата „искривено“.

Карла Бивидон тврди дека нејзината ќерка Ела Леге, поминала најмалку 20 минути од божиќната претстава со средниот прст во воздух.

Но, всушност причината за ова воопшто не е тоа што мислите. Кутрото 5-годишно девојче си го повредило прстето и само сакало да ѝ покаже на својата мајка во публиката кое прсте ја боли. За жал тоа бил средниот прст и причина сите во публиката да се воздржат да не прснат од смеење.

Во друга фотографија Ела дури и ги спојува двете раце и двата средни прста за да ги спореди повредениот и здравиот. Можете да замислите како тоа изгледало од страна на публиката.

Откако нејзината мајка ги објавила фотографиите со приказната и станала популарна девојчето ѝ кажало дека не ѝ е јасно што е всушност толку смешно. Додека пак Карла вели дека едвај чека да ѝ ги покаже фотографиите кога ќе порасне и ќе сфати за што станува збор.