5-годишно момче конечно може да го прегрне својот брат откако ја доби „раката на Хулк“

Храбро 5-годишно момче стана првото дете во Велика Британија кое има функционална протетска рака фиксна над лактот.

Џејкоб Сримшав конечно може да го прегрне својот 3-годишен брат Себастијан за прв пат, благодарение на неговата нова зелена роботска Хулк рака.

Џејкоб се родил предвреме откако ехото во 20-тата недела открило дека нема лева рака. Неговата мајка Џема Турнер вели дека му ветила дека ќе му најде протетска рака откако еден ден се вратил расплакан од училиште засрамен од тоа што мора да се мачи само со една.

За жал, патувањето не било лесно за Џејкоб, бидејќи протетиката за деца обично се создава под лактот. Честопати е тешко да се направи протезата да остане прикачена на горната рака и треба да се создаде зглоб на лактот. Раката исто така била и многу скапа што бил дополнителен проблем за родителите.

Сепак за среќа тие успеале да соберат скоро 20.000 евра и раката била изработена од фирмата на Бен Рајан, човек кој од психијатар станал инженер затоа што неговиот син при раѓање доживеал компликации и ја изгубил раката. Сега компанијата ќе внимава на Џејкоб и ќе продолжи да ја развива раката како што се развива и тој.