5-годишно момче стана херој откако ја спаси својата сестра од пожар, а потоа се врати да спаси и уште еден живот

Ноа Вудс спиел во семејниот дом Каунти Бартоу, кога го разбудил чад и пламен кој ја зафатил собата во која тој спиел со својата 2-годишна сестра.

Скокајќи од својот кревет 5-годишниот Ноа веднаш ја грабнал неговата сестра и без размислување излегол со неа преку отворениот прозорец. Зачудувачки, неговото херојство не завршило тука.

Откако безбедно ја извадил својата сестра од куќата Ноа брзо размислувал и се вратил назад за да го спаси семејното куче. Потоа тој се упатил во куќата до неговата за да го извести неговиот чичко и заедно ги алармирале останатите членови од семејството.

Пожарот, наводно, започнал од преоптоварен електричен штекер во спалната соба на Ноа. Кога пристигнале на местото на настанот, пожарникарите ги третирале членовите на семејството и Ноа за мали изгореници и вдишување на чад. Сите 9 лица кои биле во домот избегале од пожарот.

Противпожарната служба на округот Бартоу сега ќе го прогласи Ноа за почесен пожарникар на округот Бартоу и ќе му додели награда за спасител, која обично им се доделува само на професионални спасувачи.