5-годишното момче кое украде автомобил за да купи Ламборџини, се вози во автомобилот од соништата

Голем дел од светот слушна за 5-годишното момче кое беше стопирано од полицијата на автопат откако го украло автомобилот на неговите родители за да оди во Калифорнија и да си купи Ламборџини за цели 3 долари.

Адријан Замарипа, од Јута беше стопиран од полицијата, можете да видите тука, откако возел премногу споро. Полицајците го вратиле детето дома и секако Адријан бил казнет.

Но, еден локален бизнисмен не останал рамнодушен кога ја слушнал приказната. Џереми Невес иако не може да му помогне на Адријан да поседува и да вози Ламборџини решил да му овозможи барем да види како изгледа тоа. Така Џереми дошол пред домот на детето со неговиот Ламборџини Ураган и ги возел наоколу Адријан и неговата постара сестра.

Иако Адријан постојано гледал видеа од автомобилот тој никогаш порано не влегол во Ламборџини. Џереми вели дека не сака да го поттикнува детето повторно да направи нешто такво, туку само сакал малку да го расположи.

„Тој имаше храброст само да оди по тоа што сакаше. Тој немаше утврдена вештина, а камоли големина да управува со возило и сепак успеа да се снајде. Можеби е казнет, можеби ќе има да изврши одредени задачи. Можам да се поврзам со тоа. Во исто време, мислев дека би било навистина кул да се каже, „вашите соништа не се толку далеку колку што мислите дека се“.“, вели Џереми.

Инспиративниот коментар на Џереми го добил вниманието на бизнисмен од Калифорнија кој се понудил да му донесе Ламборџини кое малиот ќе може да го вози, секако под строг надзор.