5 индивидуални „успешни“ измами во Македонија кои се случија неодамна

2021 сѐ уште е во тек, така што не можеме да кажеме дека нема да има уште „кретивни“ луѓе кои ќе се обидат да заработат на туѓ грб, преку најразлични видови на измами. Измамници никогаш нема премалку па така и при крајот на 2020 и почетокот на 2021 имаше необични случаи за луѓе кои заработиле многу пари на овој нелегален начин. За жал далеку од тоа дека се само 5 измами, односно „успешните“ воопшто не се ни откриваат, а овие одлично функционирале додека извршителите не биле фатени на дело или начинот на измама не бил откриен во медиумите.

Затвореник претприемач

Седиш во затвор, јадеш и пиеш на туѓа сметка и плус си заработуваш пари. Вака функционирал Б.А.(34) од Скопје. Во периодот од 02.07.2019 до 13.02.2020, додека бил на издржување казна затвор во Идризово преку мобилен телефон лажно се претставувал како сопственик или раководител на различни фирми и лицата К.Б.(65), С.К.(47), Џ.Л.(55) од Тетово, А.Х.(36), Ј.М.(67) од Скопје, С.С.(40) од с.Џепчиште и М.Б.(62) од с.Беловиште ги довел во заблуда дека неговата фирма деловно ќе соработува со нив и од нив успеал да земе парични средства. По 7 месеци глумење директор успеал да земе над 5.100 евра.

„Ало син ви имаше сообраќајка!“

Министерството за внатрешни работи при крајот на 2020 година извести за „бран“ на измами поврзани со сообраќајки. „Начинот на измама е со телефонско јавување на измамниците кај постари лица, при што ги доведуваат во заблуда со лажно прикажување на факти дека нивните син или ќерка предизвикале сообраќајна незгода во која е прегазено дете, а сторителот, лажно претставувајќи се како сведок или службено лице, им ветува дека за одредена сума на пари може да помогне наводниот учесник во сообраќајната незгода да не оди во затвор“, беше изјавата од МВР.

Тетовец ги ограбил „соседите“

44-годишниот Р.М од Тетово извршил речиси 24 меѓународни измами. Тој се претставувал како бизнисмен од Турција и измамил повеќе лица вработени во соседните земји, Бугарија, Србија, Албанија и Косово. Тој ги лажел дека нивните возачи на камиони загинале или се тешко повредени и барал од нив пари за лекување или погреб. На ваков начин заработил околу 9.000 евра.

Купете филтри!

Кружеа информации по медиумите дека лажна фирма објавува резултати од квалитет на вода за пиење во Скопје. Тие оделе на лице место и користејќи сомнителни супстанци ја боеле водата која ја користат граѓаните и ги убедувале дека не е квалитетна за пиење. Потоа експертите продавале филтри за да ги „спасат“.

ПИОМ на терен

Гевгелиската полиција уапси 51-годишен жител на овој град кој извршил кривични дела измама, лажно претставувајќи се како теренски работник во ПИОМ Скопје. Тој барал од жртвите да уплатат од 1.700 до 4.000 денари, а со цел да подигнат парични средства од сметката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во висина од 170.000 до 450.000 денари по разни основи.

Учете од грешките на другите за да не западнете во истата „мрежа“.