5 мажи се прогласени за „најглупавите платени убијци“ во светот, по неуспешен атентат

Петмина се прогласени за „најглупавите убијци“ во светот по прилично трагикомичен настан во Кина. Приказната започнала многу едноставно, но потоа се ископлицирала како на филм, повеќе комедија отколку акција.

Бизнисменот Тан Јухуи ангажирал убиец по име Кси Гуанган за 282.000 американски долари за да го убие неговиот конкурент. Потоа Кси ангажирал друг убиец, Мо Тијанксианг, кој ангажирал друг убиец, Јанг Кангшенг, кој потоа ангажирал друг убиец, Јанг Гуангшенг. Јанг Гуангшенг тогаш го ангажирал Линг Ксијанси да го изврши убиството и не, не се шегуваме.

Тан го ангажирал оригиналниот убиец да убие некого едноставно познат како г-дин Веи, кој како негов конкурентбил во процес на тужба против Тан за многу пари во долга судска постапка.

Сепак, последниот ангажиран убиец – Линг се сретнал со г-дин Веи во едно кафуле и му предложил да ја лажира својата смрт. Линг му рекол на Веи: „Само за 100.000 јуани, не сакам да те убијам, но мора да соработуваш со мене“.

Линг го фотографирал Веј врзан и замотан и му ја испратил на Јанг Гуангшенг фотографијата за да изгледа дека тој го извршил убиството. Веи откако бил ослободен од „убиецот“ отишол во полиција и им раскажал сѐ. Така дошло до апсење на петмината мажи – плус Тан.

Тан бил осуден на пет години затвор, додека Кси, првиот убиец, добил три години и шест месеци. Јанг Кангшенг и Јанг Гуангшенг биле осудени на три години и три месеци, Мо бил осуден на три години, додека Линг бил осуден на две години и седум месеци.