5 најдобро облечени ѕвезди на свадбената прослава на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција

Лорен Санчез се омажи за тајкунот на „Амазон“, Џеф Безос, во свадбата на годината, кадешто беа поканети над 200 гости од врвот на Холивуд. Вљубените птички организираат повеќедневна екстраваганција на прослави што започна со забава со пена на суперјахтата на Безос вредна 500 милиони долари.

Се вели дека изнајмиле голем број места во италијанскиот град за да ја прослават раскошната свадба.

Листата на гости е исполнета со ѕвезди, а меѓу другите се Ким Кардашијан, Иванка Трамп, Том Брејди и сега веќе слободниот Орландо Блум. Во пресрет на историскиот викенд, еве краток преглед на она што досега нѝ го понудија славните личности, да започнеме со 5 најдобро облечени ѕвезди на прославата во Венеција.

 

5 најдобро облечени ѕвезди на свадбената прослава на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција

Том Брејди

Том Брејди изгледаше особено добро во четвртокот, бидејќи се држеше до едноставноста и лежерното расположение во бела кошула со копчиња и црни панталони. Носеше пар црни очила за сонце за да ги заштити очите од венецијанската жега и во рака држеше сако во каки боја.

 

Том Брејди

Карли Клос

Бремената Карли Клос воодушеви во свилена розева тоалета. Носеше чантичка под рака додека се држеше за раце со својот сопруг Џошуа Кушнер.

 

Карли Клос

Кралицата Ранија

Кралицата Ранија од Јордан изгледаше елегантно како и секогаш во раскошно детално изработен фустан со розов шал врзан во предниот дел. Исто така, имаше деколте и детали што изгледаа како мрежа. За да одговара на шалот, таа носеше розова чанта во рацете.

 

Кралицата Ранија

Орландо Блум

Развдениот Орландо Блум изгледаше многу отмено во светло беж панталони и бела кошула со копчиња. Носеше соодветно беж сако и кратко потстрижена фризура што изгледаше свежо стилизирано.

 

Орландо Блум

Дајана фон Фирстенберг

Не е изненадувачки што модната дизајнерка Дајана фон Фирстенберг го совлада амбиентот на летна свадба со црн фустан украсен во розова, бела, жолта и сина боја и жолти цветни дезени. Таа носеше елегантен проѕирна марама преку фустанот за дополнителен допир на боја.

 

Дајана фон Фирстенберг

И секако тука се младенците

На толку пари, чудно ќе беше да не изгледаа толку добро.

 

И секако тука се младенците

  • strumica напиша:

    na taj ne mu ide aklo

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *