5 најлошо облечени ѕвезди на свадбената прослава на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција

Лорен Санчез се омажи за тајкунот на „Амазон“, Џеф Безос, во свадбата на годината, кадешто беа поканети над 200 гости од врвот на Холивуд. Вљубените птички организираат повеќедневна екстраваганција на прослави што започна со забава со пена на суперјахтата на Безос вредна 500 милиони долари.

Се вели дека изнајмиле голем број места во италијанскиот град за да ја прослават раскошната свадба.

Листата на гости е исполнета со ѕвезди, а меѓу другите се Ким Кардашијан, Иванка Трамп, Том Брејди и сега веќе слободниот Орландо Блум. Во пресрет на историскиот викенд, еве краток преглед на она што досега нѝ го понудија славните личности, односно да ги разгледаме оние што малку промашија со нивниот изглед на настанот.

 

5 најлошо облечени ѕвезди на свадбената прослава на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција

Сестрите Кардашијан

Ким Кардашијан не изгледаше како да ја следи темата за летна свадба кога излезе во фустан од змиска кожа, со украсни прерамки и детали со врвки на градите.
Збунувачки, фустанот на Ким имаше елегантен сребрен заден дел со светки што го истакнуваше нејзиниот задник, но непотребно отстапуваше од темата со змиска кожа на предната страна.

Додека потемната боја на облеката на Клое сугерираше дека е премногу елегантна за шарената летна тема, делумно откривачката проѕирна облека откриваше премногу од нејзиниот задник, што парадоксално ја правеше нејзината облека премногу лежерна.

 

Сестрите Кардашијан

Кендал Џенер

Тука беше и сестрата Кендал Џенер, којашто ги држеше работите прилично едноставни – и ризикуваше да биде премногу лежерна – во винтиџ фустан од Роберто Кавали од 2002 година, кој имаше деколте и розово-портокалов цветен мотив. Кендал изгледаше како да не се потрудила нѝ за било каков накит или додатоци.

 

Кендал Џенер

Бил Гејтс

Бил Гејтс не вложил многу труд во својот outfit со црно одело и кошула без вратоврска. Изгледаше досадно без вратоврска, а темниот костум беше малку досаден во споредба со посветлиот костум на младоженецот. Неговата девојка Паула Херд изгледаше малку поелегантно во нејзиниот црн фустан.

 

Бил Гејтс

 

Виторија Черети

Девојката на Леонардо Ди Каприо, манекенката Виторија Черети, исто така беше промашување во однос на облеката. Како и Лео, таа не успеа ниту да се вклопи во лежерниот летен свадбен мотив, ниту во поформален ансамбл. Носеше беж искинато здолниште со кожни шевови по страните и „искинат“ сребрен топ како елек со мала розова чанта, од кои ниту едно не се вклопуваше.

 

Виторија Черети

Крис Џенер

Крис Џенер носеше црн фустан од тул и повеќе изгледаше како да тргнала на погреб. Фустанот имаше огромни рамена и ракави, а изгледот беше премногу со нејзината елегантна боб фризура и големи дијамантски обетки.

 

Крис Џенер