5 опасности од маснотии на стомакот за кои лекарите нѐ предупредуваат

Без оглед каде се појавуваат маснотии на нашите тела, ние секогаш се грижиме, особено кога се во форма на испакнатост на нашите стомаци.

Доколку сте жена и обемот на половината ви е над 90 см и ако сте маж а обемот на половината ви е над 100 сантиметри големи се шансите дека најголем дел од маснотиите ви се во стомакот. Според лекарите, ова може да биде опасно за вашето здравје.

1. Поголем ризик од развој на дијабетес

Кога вашиот црн дроб е покриен со масно ткиво како резултат на вишок маснотии во стомакот, не успева да го процесира доволно шеќерот во крвта добро. Со ова шеќерот останува во крвта наместо да го обработи црниот дроб. Ова може да доведе да имате повисоко ниво на шеќер во крвта што може да предизвика дијабетес.

2. Поголем ризик од метаболички синдром

Развивање метаболички синдром е ризик со кој се соочувате кога имате поголема половина. Кога имате маснотии во стомакот може да станете склони кон развој на срцеви заболувања, дијабетес и мозочни удари. Луѓето со фактор на поголем ризик укажуваат дека се повеќе склони кон било која од споменатите болести погоре.

3. Поголем ризик од карцином

Една нова студија покажува дека еден вид протеин ослободен од маснотии во стомакот може да ги претвори не-канцерогените клетки во канцерогени, што резултира во раст на туморот.

4. Поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања

Докажано е дека висцералните масни клетки во абдоменот можат да произведат протеини кои се способни да ги ограничуваат крвните садови, што може да резултира со висок крвен притисок. Исто така, овие протеини можат да предизвикаат затнување на артериите, правејќи ги ранливи на мозочни удари и срцев удар.

5. Поголем ризик од деменција

Според една студија, жените со голема количина абдоминална маст имаат 3 пати поголема веројатност да развијат деменција. Ова најмногу е предизвикано од висцерална маст, длабок стомак или абдоминална маст.