5 парови кои докажуваат дека вистинската љубов не познава граници

Кога навистина сте вљубени во некого тогаш тие ви се симпатични и додека спијат покрај вас со бушава коса и лиги на лицето. Наместо да згаснува со времето вистинската љубов станува сѐ посилна и подлабока.

И покрај тоа што нема научни докази да го докажат ова, постојат парови кои го поминале овој тест.

Крис и Ејми

Ејми била учесничка во реалити наречено Мали луѓе, голем свет. Таа кога го запознала Крис Марек веќе била мајка на 4 деца и баба на 2 внучиња. По три години врска Крис ја запросил Ејми и тие ќе се венчаат оваа година. Ејми вели дека не можела да поверува дека ја нашла љубовта на нејзиниот живот по толку години барање.

Туриа и Мајкл

Тие двајца се запознале уште во средно училиште и се вљубиле. Откако Турија ја добила работата од соништата претрпе голема несреќа што изгоре 65% од нејзиното тело. Повредите биле екстремно сериозни и лекарите се плашеле дека таа нема да преживее. Мајкл се откажа од својата работа да се грижи за неа. Сега се прекрасно семејство и имаат две деца.

Холивудска приказна

Познатата ѕвезда од Game of Thrones ја запозна својата сопруга во 2002 година. Тие својот семеен живот го држат во приватност иако во јасност секогаш изгледаат многу заљубени. Имаат две деца.

Брајан и Енџи

Брајан боледува од ретка состојба позната како Синдром Протеус која предизвикува неговите коски да продолжат да растат. Тој ја запознал неговата сопруга Енџи преку интернет и на неа не ѝ пречела неговата состојба.

Пауло и Катјусија

Среќата доаѓа во мали пакувања, Пауло Габриел да Силва Барос и Катјусија Ли Хошино сигурно можат да ви го кажат тоа. Оваа прекрасна двојка која се венча во 2016 година ја носи титулата најнизок пар досега и тие не би можеле да бидат посреќни.