5 познати личности кои се повлекоа од македонската музичка сцена и животот ги однесе во друг правец
Секој период си има свои познати ликови, а некои од нив остануваат на сцената со децении, а некои пак одлучуваат да го сменат правецот во животот. На македонската музичка сцена постојано се појавуваат нови и свежи лица, но веруваме дека секој од нас од време на време пее на стари хитови чии што изведувачи тешко дека ќе ги видиме на нашата сцена наскоро. Ви претставуваме 5 познати личности кои некогаш беа на врвот на музичката сцена во Македонија, а сега живеат во сосема различен свет.
Елвир Мекиќ
Елвир сигурно најмногу го паметите по песната „Опасно“, но и по многу други хитчиња. Тој откако се ожени, заедно со својата сопруга Лејла замина во Босна, Сараево. Тој својот живот го држи во приватност и ужива во семејсниот живот со сопругата и неговото синче Дарис.
XXL: Марија Николова, Ивона Џамтовска, Росица Николовска и Верица Каранфиловска
Девојките ја претставуваа Македонија на Евросонг 2000 во Стокхолм, Шведска. Моментално ниту една од нив не се занимава со музика. Според одредени извори Марија е правник во Комерцијална Банка, Верица работи во Катар, а Ивона и Росица се мажени и имаат деца.
Ноне Неделковска
Сите слушаме по нешто од Ноне иако повеќе не е дел од музичката сцена. Таа сепак сака да споделува за својот живот на социјалните мрежи и затоа знаеме каде се движи и што прави последните години. Од 2012 година таа работи на брод и во Македонија најчесто доаѓа на одмор.
Ламбе Алабаковски
Хитот „Врати ми го срцето“ ретко кој не го памети, но сега Ламбе има друга професија. Тој работи како обезбедување на аеродром во Америка. Тој е сопруг и татко прекрасни синови.
Ена Веко
Дали некој ја памети првата раперка во Македонија. Да, тоа е Елена Домазетовска попозната како Ена Веко. Таа веќе со години живее во Сиднеј, Австралија. Таа заминала таму на студии и останала. Позната е по хитовите во 90-тите: „До кога вака?“, „Царевата ќерка“, „Признавам не признавам“, „Си заљубив раперка“ и други.