5 секојдневни работи кои Индија му ги подари на светот
Индија е позната по својата уникатна култура и кујна. Тaа е одлично место за посета и доживување нови неверојатни искуства и емоции. Но, многумина од нас никогаш не размислувале колку значајни индиски пронајдоци користиме секој ден без воопшто да го забележиме тоа. USB, чекови, па дури и шампон, треба да им се заблагодариме на Индијците за сите овие прекрасни работи.
Списокот на индиски „подароци“ се состои од стотици пронајдоци. Би сакале да ги споделиме оние кои ги користиме најчесто.
1. Шампон

Животот без овој производ за нега на коса, денес, е незамислив. Но, не многумина од нас знаат дека треба да ѝ се заблагодариме на Индија за ваквата прекрасна дневна хигиена. Античките Индијци користеле различни билки и екстракти за миење на коса уште во 2750 п.н.е. — 2500 п.н.е., долго пред да дојдат британските колонијални трговци во нивните земји.
2. Радио сигнали

Јагадиш Чандра Босе е роден во Муншигањ, Бенгалско претседателство (сега Бангладеш). Во 1894 година (или 1895 година) во Градското собрание на Калкута, тој спровел експеримент. Користејќи микробранови, тој се обидел да запали барут и да заѕвони на ѕвонче. Експериментот бил успешен. А подоцна, неговиот изум ги родил безжичните радио комуникации. Исто така, тоа е основа на технологијата што се користи во мобилната телефонија, радарот, сателитските комуникации, телевизиското емитување, Wi-Fi, далечинските управувачи и разни други уреди.
3. Гранули од шеќер од трска

Индијците не биле првите кои откриле како да извлечат сок од шеќерна трска, но, тие биле првите кои почнале да произведуваат гранули од шеќер од овој сок. Тие ги измислиле гранулите пред повеќе од 2.000 години и, денес, сè уште се многу популарен „додаток“ на нашето кафе и чај.
4. Чекови

Првиот доказ за користење на чекови е пронајден во империјата Маурја, која владеела со поголемиот дел од Индија од 321 п.н.е. до 185 п.н.е. Се користел како комерцијален инструмент и бил наречен „адеша“.
5. USB приклучок

Не многумина од нас се сеќаваат дека имало десетици кабли за различни уреди, што ги направило животите на корисниците катастрофа. За среќа, американскиот компјутерски архитект со индиско потекло, Аџеј Бат, нашол решение. Тој создал едноставен универзален приклучок за голем број уреди. И резултатот целосно ни ги промени животите! Да не зборуваме дека подоцна, USB приклучоците станаа клучен дел од нашите уреди кои се полнат на струја.
